ГФК Осогово

(ФОТО) МЛАДИНСКАТА АКАДЕМИЈА ГИ ЗАПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ

Како и што беше најавено, младинската категорија денес точно во 14:00 часот на Градскиот стадион „Никола Мантов“ означи почеток на подготовките за новата сезона.

На првата прозивка на тренерскиот двоец, Зоран Тодоров и Александар Нисев се појавија околу триесетина млади надежни фудбалери.

Покрај досегашните наши членови, кон младинската академија на  ГФК Осогово пристапија и нови членови, а притоа уписите се уште се отворени и се во полн ек.

Следниот тренинг е закажан веќе в понеделник, исто така на Градскиот стадион „Никола Мантов“, со почеток од 15:15 часот.

Leave a Reply