ГФК Осогово

ФОТО: МЛАДИТЕ НАДЕЖИ НА ОСОГОВО СЕ ИСКАЧИЈА НА ПИЕДЕСТАЛОТ

Младинската категорија фудбалери на ГФК Осогово, родени 2006 година денес учествуваше на 13-то издание на фудбалскиот турнир кој се одржува во чест на 7-ми Септември Денот на ослободувањето на Кочани и 8-ми Септември Денот на независноста на Република Македонија  кој го организира ФК Кочани.

Турнирот се играше на принцип двапати по 20 минути со 7+1 играч во поле.

Во полуфиналето „жолто-сините“ загубија со 3-0 од Младост Тошев, па така во вториот меч играа за третото место.

Нашите надежи во мечот за пласман го совладаа тимот на Кочани со 5-0 и на тој начин се искачија на пиедесталот. Хет-трик на овој меч постигна Марио Митовски, додека по еден гол дадоа Матеј Митовски и Давид Тренчев.

Осогово го даде и најдобриот голман на турнирот, признание кое замина во рацете на Алекс Андов.

Leave a Reply