ГФК Осогово

ФОТО: НАБАВЕНА НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕРЕНОТ

ГФК Осогово од сопствени средства денес за првпат од 1993 година набави механизација за одржување на теренот.

На Градскиот стадион „Никола Мантов“ денес пристигнаa три машини за косење на тревникот. Набавено е тракторче за косење трева од марката „Волф“, рачна косилка и тример од марката „МТД“.

Ова е само почеток на инвестициите кои ќе бидат извршени на  стадионот „Никола Мантов“. Во следниот период ќе следи нова инвестиција која ќе се однесува на подтрибинскиот простор.

Во оваа прилика сакаме да изразиме благодарност до КЈП Водовод за досегашната помош за одржување на тревникот на стадионот и се надеваме и на натамошна соработка.

Leave a Reply