ГФК Осогово

ФОТО: По студено време, но во позитивна атмосфера означен старт

Денес од 14:00 на Градскиот стадион „Никола Мантов“ и официјално започнаа подготовките и тренажниот процес за пролетниот дел од сезоната во Втората МФЛ – Исток.

Откако вчера беше промовиран новиот тренер Кирчо Горгиев кој заедно со играчите и управата имаше состанок, денес ја изврши првата прозивка.

Подготовките во целост ќе се реализираат во Кочани, а како што најавивме планирано е одигрување на четири контролни средби во кои треба да се подобри формата.

Првиот тренинг се одржа по мошне студено време, но во позитивна атмосфера. Во следните денови ќе следи доекипирање на ростерот со цел да имаме што е можно поконкурентен тим.

Leave a Reply