ГФК Осогово

(ФОТО) ПРОДОЛЖУВА ОСВЕЖУВАЊЕТО НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН НИКОЛА МАНТОВ

Управата на ГФК Осогово не мирува и во овие летни горештини, па освен на играчки план каде што се гради тимот за новата сезона, работи и на инфраструктурата.

Имено деновиве беше скратена оградата на западната трибина (покриената) со цел публиката да има подобар и поконфорен поглед кон теренот.

Притоа оградата и понатаму е во склоп со правилата и прописите на ФФМ кои налагаат 2,5 метри во висина од нивото на теренот.

Ова е уште една од  низата акции кои во изминатиот период беа спроведени за подобрување на условите на Градскиот стадион „Никола Мантов“. Претходно беше набавена механизација за одржување на теренот, беа поставени пластични столичња и беше освежена трибината со нова боја.

Leave a Reply