ГФК Осогово

ЦВЕТАНОВ И ПЕЈОВ – РОДЕНИ 2004 ГОДИНА СО ДЕБИ ЗА ПРВИОТ ТИМ

ГФК Осогово уште еднаш ја потврди својата заложба и стремеж за форсирање млади надежни фудбалери. Впрочем есенва просечната возраст на првата екипа беше 20 години, а во таа насока ќе се продолжи и во пролетниот дел.

Па за таа цел, тренерот Александар Андов во вчерашниот пријателски меч против лидерот на Втората лига Исток, Борец од Велес, шанса за игра и даде на двајца млади фудбалери од генерацијата 2004 година.

Драган Цветанов кој веќе имаше неколку минути за сениорскиот тим против Силекс, исто така на пријателски меч, сега против Борец, за неговата возраст доби пристојна минутажа од 15 минути.

За разлика од Цветанов, за првпат за тимот дебитираше неговиот врсник, 14-годишниот Љупчo Пејов кој ги одигра последните 10 минути од мечот.

Ова треба да биде мотив и потик, како за нив, така и за сите останати членови во нашата младинска школа да продолжат со напорна и дисциплинирана работа со што еден ден би били стандардни првотимци на нашата гордост – ГФК Осогово.

 

Leave a Reply