ГФК Осогово

ШАМПИОНИ – ГФК ОСОГОВО НОВ ВТОРОЛИГАШ!!!

ГФК Осогово во рамки на 24. коло во Третата лига Исток одигра реми на гостувањето во Свети Николе против Овче Поле со резултат од 1-1 (1-0).

Со оглед на тоа што до крајот на сезоната остануваат уште три кола, а нашиот тим има шест бода предност во однос на конкурентот и натпревар повеќе, веќе сме шампиони. А тоа значи само едно – од следната сезона повторно се враќаме во Втора лига Исток.

Резултатот на денешниот меч први го отворија домаќините во 32. минута, за да во вториот дел израмниме преку капитенот Коцевски во 62. минута. Може само да жалиме што не дојдовме до целиот плен и сите три бода сооглед на тоа што бевме надмоќни во играта што се гледа и по шансите за гол.

Веќе в недела го играме следниот меч кога гостуваме во Берово против Малеш.

Leave a Reply