ГФК Осогово

ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ ЛИЦЕНЦИРАЊЕТО ?!

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) денес ја објави листата на учесници во Втората Македонска Фудбалска Лига – Исток за сезоната 2018/2019 кои според натпреварување обезбедиле место (резултатски критериум). На истата листа го нема ГФК ОСОГОВО.

Притоа во соопштението се наведува дека се уште во процес е лиценцирањето на клубовите, што е апсолутно спорно. Се прашуваме, како тоа е објавена листата на клубови кои ќе играт во ВМФЛ Исток кога периодот за лиценцирање (5. јули) се уште не е поминат. Со тоа се доведува во прашање регуларноста на првенството.

Нашите сознаниа за кои поседуваме и одредени докази, говарат дека некои од клубовите се уште ги немат исполнето условите кои се бараат од правилникот за натпреварување во ВМФЛ Исток.

Во „Пропозициите за натпреварување во Втората МФЛ Исток и Втората МФЛ Исток Запад“ според членот 54 (во прилог подолу) јасно е дека екипите освен според резултатски критериум, мора да исполнат и низа други критериуми.

Член 54
Покрај спортскиот резултат, екипите кои ја пополнуваат соодветната Втора лига како
и другите екипи учесници задолжителнo треба да ги исполнуваат и лиценцните критериуми
за учество во Втора лига

Бараме од надлежните во ФФМ кои се задолжени за Лиценцирање, како и сите други служби кои се засегнати во оваа проблематика, да го испочитуваат до крајност она што е пропишано. Во спротивност, планираме да ги преземеме сите правни мерки кон поединци кои го рушат кредибилитетот на ФФМ и прават сомнеж за нерегуларно првенство.

Впрочем, ако некој има заборавено, да потсетиме дека ФФМ веќе изминатата сезона имаше еден ваков проблем кога на Хоризонт Турново му дозволи да игра без да плати котизација, па откако почна првенството беше исфрлен од лигата и истата заврши со 9 екипи.

 

 

Leave a Reply