ГФК Осогово

ЌЕ СЕ ТРУДИМЕ ДА ГО ОСТВАРИМЕ ТОА ШТО ОД ПОЧЕТОК НЕ УСПЕАВМЕ

Капитенот на ГФК Осогово Драган Паунов пред тренингот оддржа мотивирачки говор и ни изјави дека никој повеќе нема лесно да мине во Кочани и кога игра против Осогово. ви ја пренесуваме во целост неговата изјава после која сите во тимот се максимално мотивирани и разгорени во желба до победа оваа недела против ФК САСА.

Премногу бодови се испуштени во досегашниот тек на првенството. Со некои од поквалитетните противници изигравме добро но ја немавме среќата да постигнеме голови.

Нема повеќе притисок во тимот и свесни сме сите дека треба да победуваме, да дадеме се од себе и да ја оправдаме улогата на стабилен клуб со цел да се задржиме во првенството.

Во недела ни доаѓа Каменица Саса. противник кој секогаш ни бил по мерка и кога тие се во прашање не се оптеретуваме да мислиме дека може нешто посериозно да направат во Кочани. Сигурен сум дека бодовите од оваа средба остануваат кај нас. Ние како тим ќе се трудиме да го сториме тоа што од почеток не успеавме, а тоа е да постигнеме повеќе голови и да ја израдуваме публиката која ни ја дава целосната поддршка!

Натпреварот против ФК САСА се игра во Недела од 14:30 часот на стадионот Никола Мантов во Кочани.

Leave a Reply