ГФК Осогово

МЛАДИНСКАТА АКАДЕМИЈА ПРОДОЛЖУВА СО РАБОТА – ОТВОРЕНИ НОВИ УПИСИ

ГФК Осогово ги информира сите наши членови на младинската академија дека од сабота (02.02.2019 година) на Градскиот стадион „Никола Мантов“ ќе продолжат тренинзите во пресрет на почетокот на пролетната полусезона.

Првата прозивка тренерите Зоран Тодоров и Александар Нисев ја закажаа за сабота со почеток од 14:00 часот.

Покрај досегашните членови, клубот се одлучи да врши уписи и на нови членови, започнувајќи од генерацијата родени од 2004 година, па се до дечиња родени 2010 година. Уписите се бесплатни, како и се останато во нашата младинска академија ( членарина, опрема, превоз, регистрација).

Ваше е само да имате желба за спорт и фудбал, да живеете здраво и да го искористите вашиот талент и потенцијал. Нашиот стручен тим е подготвен да се грижи за вас!

Уписите на нови членови се вршат кај Зоран Тодоров (контакт тел: 078 804 832) и Александар Нисев (контакт тел: 078 340 511), како и на лице место на стадионот „Никола Мантов“ и на нашите социјални профили.

Leave a Reply