ГФК Осогово

ГОДИШНО СОБРАНИЕ И НОВА УПРАВА НА ГФК ОСОГОВО

Како и што беше најавено, денес во просториите на стадионот „Никола Мантов“ се одржа Годишното Собрание на ГФК Осогово. Најголем број од повиканите беа присутни, а главна точка на дневниот ред беше изгласување и усвојување на новиот Управен одбор (УО) од досегашното АД ХОК тело.
За нов претседател со едногласна одлука е изгласан Горан Милосов, а останатите членови на УО се:
Оливер Досевски (потпретседател), Симеончо Стоиков (генерален секретар), Кристијан Димитријев (заменик генерален секретар), Горан Теодосиевски (спортски директор), Зоран Тодоров (кординатор на младинските категории), Витомир Алексов (комесар за безбедност), Мартин Кировски (помошник комесар за безбедност) и Горан Стојановски (правник). Шеф на стручен штаб е Крсте Крстев, помошник Дејан Манчевски, а тренер на голманите Алекандар Андов.
Со плановите и целите , новото раководство на ГФК Осогово сака клубот да го врати на старите патеки и конечно да се стабилизира.
Меѓу главните зацртани обврски на новата управа се:
Обезбедување финансии за функционирање на целиот систем
Кадровски промени во играчкиот ростер (засилувања)
Главен приоритет, подмладување на екипата и опстанок во Втора лига
Средување и уредување на стадионот
Враќање на публиката
Продолжување на традицијата и враќање на имиџот на клубот.
Од новиот претседател, како прв проект на клубот беше изнесено дека ќе се формира нов проект наречен „Клуб 50“, во кој со финансиски средства ќе учествуваат правни и физички лица. Исто така ќе биде ангажирана и компанија за маркетинг која ќе се грижи за имиџот на клубот, а од представникот на навивачката група беше истакнато дека од пролетниот дел на сезоната на трибина се враќат и „Сејмените“.
За издвојување е што помеѓу присутните денес беа и Арсо Божиноски и Благој Беќарски, два претседатели на клубот за време кога се натпреваруваше во Првата лига.

Leave a Reply